Музика

Afterlife ја објави Realm of Consciousness IV

Afterlife ја објави четвртата компилација на Realm of Consciousness, со чии траки се обележани актуелните сетовите на Tale of Us.

На оваа компилација се наоѓаат 20 траки потпишани од веќе познатите Afterlife артисти како Recondite, Adriatique, Mind Against, WooYork и Vaal, артистите кои се приклучија на издавачката куќа не многу одамна Agents of Time, Ae:ther, Fideles, Mathame, Innellea и Kevin de Vries, како и нови артисти кои за прв пат објавуваат траки за Afterlife – Colyn, Blausch, ANNA, ARTBAT, Coeus, Lyke, Murat Uncuoglu, Lehar & Aldebaran и ENØS.

Звукот опфаќа сè што Afterlife претставува.
Дваесет интерпретации на звукот што Tale of Us го разви.

Во прилог може да ја слушнете цела компилација.

Слични објави