Музика

Agents Of Time објавуваат V/A компилација за својата издавачка куќа Obscura

Како свое 7-мо издание, Obscura – издавачката куќа на италијанското трио Agents Of Time, ја има компилацијата составена од нови таленти и артисти кои го сочинуваат јадрото на издавачката куќа.

„East Coast“ е траката со која се отвара ова издание, тешка атмосферичка мелодија на Agents Of Time, додека А страната ја затвараат London Modular Alliance со своите органски  високо нивовски звуци, бас и криспи перкусија. Следно, Австралијанецот Jensen Interceptor својот придонес кон компилацијата ја дава со своето звучно електро кое совршено се прелева во sci-fi звуците на „Welcome To My World“ на Golden Virgo.

После својот целосен EP за Obscura, Hiver се враќа со својот еластичен бас на „Stasys“, а Orbe кој имаше свој ремикс на EP-от на Hiver, не’ импресионира со „Never Comes“. Последната страна е поделена помеѓу Laguna и Kris Wadsworth

Со „From Sound To Silence 2“, Agents Of Time ни оставаат осум траки со кои можеме да ја истражиме сензибилитетот на подиумот.

Слични објави