Музика

Charlotte De Witte најавува нов лејбл, KNTXT

Charlotte De Witte ќе ја лансира својата нова издавачка куќа, KNTXT, во септември.

Тоа е проширување на брендот KNTXT, кој веќе е име на нејзината радио-емисија и серија на техно журки. Белгиската техно ѕвезда ќе издава со мешавина на уметници “кои веќе некое време се наоѓаат и други кои штотуку почнуваат”, како и нејзините сопствени продукции. Таа сè уште ги нема споделено деталите за сите изданија.

Три KNTXT журки се веќе потврдени со настапи на Tomorrowland, Awakenings, предвидени пред големото шоу во ноември во Antwerpen, каде што De Witte ќе биде во придружба на Chris Liebing, Dax J, Imogen и редок b2b сет на Ben Klock и Marcel Dettmann.

KNTXT звуци во прилог.

Слични објави