Новости

Claptone ќе настапи на отварањето на Станица 26

Claptone, еден од најпопуларните артисти од германската дип хаус сцена, во среда (10-ти октомври) ќе настапи на отварањето на новата сезона на клубот Станица 26.

Популарноста ја стекнува во 2013-та година кога ја објавува песната „No Eyes” во соработка со Jaw. Во 2015-та година го објавува албумот „Charmer”, а ремиксот на нумерата „Bombs” на Faithless кој, исто така, го објавува таа година, за кратко време добива големо внимание.

Автор е и на ремиксот на Liquid Spirit на Gregory Porter, кој станува една од најпродаваните траки на Beatport за таа година.

На 10-ти октомври како локална поддршка ќе настапи Алек Солтиров.

Билетите може да се набават во претпродажба за 700 денари во Кино Карпош и Радио Бар, додека истите на влез ќе бидат 800 денари.