Интервјуа

Интервју со Articulatee

Articulatee е домашно техно дуо составено од двајца млади и перспективни продуценти и диџеи, Борче Панов и Мартин Димов. Формирани при самиот крај на 2016 година, спојувајќи ги истата идеја и продуцирањето на специфичен звук, на 27 февруари тие веќе го издаваат својот прв EP. Токму затоа, во пресрет на нивниот првенец, Clubbing.mk направи кратко интервју со нив…

Здраво дечки. За почеток, кажете ни кои се Борче Панов и Мартин Димов? Како се споивте двајцата?

Борче Панов и Мартин Димов се двајца Македонски продуценти кои делат заеднички идеи и го усовршуваат нивниот специфичен звук. Воглавно, се знаеме од многу порано, си имаме праќано промо музика и решивме да пробаме да ги споиме нашите музички идеи.

На 27ми јануари излегува вашиот прв EP, „FUSION”  za Renesanz. Што ве инспирираше? Како вие би го опишале звукот?

Возбудени сме за нашето првото издание, земајќи во обѕир дека Renesanz е една од најдобрите издавачки куќи на денешницата каде активно се појавуваат артисти од светската електронска сцена и баш тоа беше една од најголемите инспирации до сега. Како би го опишале звукот, би сакале да добиеме одговор од вас откако ќе го слушнете нашето издание. 🙂

Кои продуценти и диџеи беа ваша најголема инспирација? Како се одлучивте за продукција?

За продукција се одлучивме уште од мала возраст, инспирирани од секакви инструменти и звуци и live сетови на квалитетни продуценти. Најинспиративни диџеи кои беа виновници за да почнеме посериозно да работиме со продукција се Adam Beyer, Nina Kraviz, Chris Liebing и уште безброј светско познати артисти.

Што после ова? Кои се вашите планови за оваа година?

Активно работиме на нов материјал и за скоро време ќе знаеме каде ќе биде издаден и сето тоа ќе биде објавено на нашата Фејсбук страница. Планови имаме многу, но за жал не можеме да откриеме премногу детали. Воглавно, во план ни е да се посветиме на продукцијата.

Што мислите за клубската сцена во Македонија? Што би промениле?

Жално е тоа што во последно време на многу малку места се обраќа внимание на клубската сцена овде и покрај тоа што има луѓе ширум Македонија спремни за забава и настаните од ваков карактер се’ помалку се случуваат. Би работиле и би дале се’ од себе да го смениме тој став на луѓето со негативно мислење каде што напротив во другите држави се смета за култен правец.

Каде следна журка?

Наредна журка која смееме да ја откриеме е фестивалот Mayday кој ќе се одржи во април. За жал повеќе детали не смееме да ви откриеме.