Новости

Mathame во Епицентар!

Mathame е аудио проект на Amedeo и Matteo Giovanelli кој започнува во 2013 година. Живеејќи на падините на најактивниот вулкан во Европа, Етна, тие го развиваат својот уникатно замислен звук. Иако се браќа, нивните разлики се очигледни при нивните настапи.

Amadeo (21) има силна поврзаност и чувство за што луѓето сакаат на подиумот и е најмладиот артист што некогаш настапувал во берлински Watergate, додека Matteo (32) го носи емотивниот и олд скул звук.

Голема чест е да се имаат Mathame како гости во периодот кога ја објавија „Nothing Around Us“, трака која можеме да кажеме дека ги одбележа сите сетови на Tale Of Us во изминатиот период. Затоа, се гледаме во сабота (29.09.2018) во Епицентар!

Како локална поддршка, ќе настапат Ана Мало и Балоски.

Билетите ќе може да се купат на влез по цена од 300 денари.