Блог

Ноќен живот, дроги и намалување на штети – панел дискусија

На 12 декември, од 18 часот во Јавна соба ќе се одржи панел дискусија на која ќе се разговара за ризиците од рекреативната употреба на дроги при ноќниот живот, како и стратегиите кои се користат во светот за оваа намена, а кои се слабо развиени во Македонија.

Рекреативно/повремено користење на дроги е популарна социо-културна практика, особено во контекст на музички настани и ноќен живот, помеѓу сите генерации па така и помеѓу младите луѓе. Новите трендови на употреба на дроги (легални и илегалани), мешање на различни видови дроги како и појавувањето на нови психоактивни супстанции и користењето на дроги секогаш со себе носи и ризици, па поради тоа дополонителни мерки на претпазливост се потребни што од корисничкa така и од страна на органзаторите на настаните. Во светот постојат бројни стратегии за намалување на ризиците асоцирани со рекреативната употреба на дроги, кои кај нас се слабо развиени.

Оваа панел дискусија има за цел презентирање на актуелни трендови, искуства како и потребата, бенефитите и предизвиците при спроведување на стратегии за намалување на штети во рамки на ноќен живот и музички настани, улогата на учесниците на настани, организаторите на настани и организации кои спроведуваат практики за намалување на штети, а се со цел подигање на нивото информираност, едуцираност како и на безбедност на настаните во услови кога се користат дроги. Посебен акцент ќе биде ставен на практични примери од регионот и од Европа.

Учесници на панел дискусијата ќе бидат Мирко Попов (ПМГ Колектив), Катерина Евго (Password Production), Наташа Бошкова (Правник) и Михаил Солаков (Oak Tales), а модератор Давор Смиланов – Доктор по општа медицина, долгогодишен член и соработник во ХОПС, едукатор и автор.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/856616354516722/