Новости

Obscure Shape & SHDW го најавија новиот EP за Rekids

Obscure Shape & SHDW го најавуваат своето враќање кај издавачката куќа Rekids со своето ново издание „Der Strum“.

Marco Bläsi и Luigi Urban го свртеа вниманието кон себе со својот ремикс на „Vision“ од Radio Slave. Оттогаш, дуото продолжува со објавувањето на препознатливи траки за својата издавачка куќа From Another Mind.

После ремиксот на „Grindhouse“ и издавањето на „Himmel Und Erde“, Obscure Shape & SHDW се враќаат кај Rekids со три нови траки. „Der Strum“ е сосема погодна трака за ударно време од сетот, „Zeit Des Erwachens“ поседува заразна бас линија и впечатливи перкусии, додека „Tränen Der Sonne“ звучи баш како што можеме да очекуваме од ова дуо.

„Der Strum“ излегува на 26 октомври.

Листа на траки:
A1 Der Strum
B1 Zeit Des Erwachens
B2 Tränen Der Sonne