Музика

Odd:iTy со ново EP – Talisman

Динамичната Oddity на Fur Coat денес го објавува своето второ издание од 2019 година во форма на “Talisman EP“. Возбудливите нови таленти дуото Dyzen, придружувани од Vomee, беа поканети на да го изложат својот звук за издавачката куќа Oddity. На ова ЕП може да слушнете три оригинални, мелодични, техно траки, плус ремиксот на Fur Coat за Talisman.

Dyzen започна во 2017 во Пуглија, Италија, формиран од Francesco Perrone и Nicola Disabato, со цел да ја раскажат својата приказна преку музика. Dyzen е проект со голема поддршка од лидерите на мелодик – Tale of Us, Mind Against, Adriatique, Fideles, Denis Horvat, Agents of Time.

Предводено од Talisman како хедлајнер, ова ЕП ги содржи Discovery, a и долго очекуваната Virgo, која беше неизоставлив дел на многу од сетовите што ги слушавме оваа година.

Мелодични, техно звуци во прилог, уживајте.

Слични објави