Блог

Плаќам карта бидејќи сум дел од сцената на која припаѓам!

После долга обсервација на сцената на која припаѓаме и ја промовираме, можеме да заклучиме дека имаме огромен недостаток на култура на купување на карти!

Сосема е во ред да знаете некој од организацијата, реално, мало општество сме, и сосема нормално е некогаш некој да ве почастил со гратис карта или ве ставил на список, но тоа не е причина да ја малтретирате таа личност за повеќе карти или гратис за некоја од следните журки. Ве почастиле, кажете фала и отидете да уживате!

Веруваме дека доколку навистина ја сакате музиката и сакате да го слушнете артистот кој ни гостува (па и домашните артисти), не би било проблем да одвоите од околу 300 – 1000 денари, без разлика дали се работи за клупска журка или некој поголем настан. Со барањето гратиси ја девалвира работата на организацијата и клубот, а токму продажбата на карти е тоа што им овозможува да функционираат.

Со купувањето на карта помагате во покривање на трошоците на организацијата без која овој настан не би се одржал. Трошоците кои организацијата ги плаќа се покриваат од картите (или сопствени пари), а вклучуваат: хонорари, патни трошоци, „hospitality“ на артистите, изнајмување на простор, опрема, редари, промо материјали и онлајн промоција и многу други „ситници“ за кои се потребни пари за на крај да имаме еден настан во кој сите ќе уживаме.

Затоа, поддржете ги изведувачите и организацијата со купување на карти за да имаме можност и понатаму да уживаме во настаните кои ти ги организираат!

Слични објави