Подкаст

Подкаст 002: Mitrik (Room 313)

Најновиот ексклузивен микс за Clubbing.mk ни доаѓа од Митрик кој е еден од основачите на електронскиот колектив Room 313. Во последните 3 години, освен на македонската електронска сцена, тие имаа можност да се претстават и во значајни алтернативни клубови во Германија. Нивниот звук изобилува со тврди басови, „атмосферски“ мелодии, есид и Детроит вајбови.

Здраво Митрик. Како за почеток, кажи ни што опрема и софтвер е користено за да го снимиш сетот?

Сетот е снимен дигитално, на Traktor, користејќи четири канали… Првите 20 минути седејќи, остатокот, … па да имав подолг кабел на слушалиците ќе танцував и во двор. :))

Секоја музика, микс… раскажува некоја приказна. Која е идејата и концептот позади овој сет?

Секако дека има. Најпрво да биде ТЕХНО и да ја содржи музиката на моите омилени продуценти кои секогаш знаат емотивно да влијаат на мене. Идејата беше почетокот да биде спор, нејасен и заплеткан, средината да биде брза, моќна, енергична и многу разиграна и крајот психоделично опуштен. Тие што ќе го слушнат овој сет, ќе го почувствуваат тоа.

Која ти е омилена трака која најчесто ја пушташ?

Музиката на Etapp Kyle. Не би можел да издвојам една од неговите траки како омилена, но кога пуштам музика секогаш ми текнува на него и вртам барем една негова трака.

Кое е едно од највредните искуства кои си ги стекнал во текот на твојата кариера?

Највредното искуство го добив од настапите во Германија. Сите тие моменти на патување, запознавање нови контакти, споделување музика и искуства се бесцените.

Кажи ни на што работиш во моментот, има ли нови планови со Room 313?

Room 313 екипата моментално е на три различни страни, секој со своите обврски. Настаните кои ги организирав ова лето беа во соработка со други екипи. За многу брзо повторно ќе се вклопиме со LTX и Samardziski и се надевам дека ќе продолжиме со резиденцијалните настани.

Следна журка?

Следна журка во наша организација ќе биде третиот роденден на Room 313, крај на септември или почеток на октомври. Сe’ уште сме во планирање на настанот, а повеќе информации ќе има наскоро на нашата Фејсбук страница.

Фала ти за издвоеното време и ја чекаме роденденската журка! 🙂

Благодарност за поканата Clubbing.mk 🙂

Листа на траки:

01. Leiras – Abyssal (James Ruskin Remix)
02. Ontario Hospital – Consumer Report
03. Marcell Dettmann & Ben Klock – Phantom Studies
04. Deniro – Kairuku 4
05. Antigone – The Quiet In The Land
06. Birth Of Frequency – Child
07. 3KZ – Kosmos in Deep
08. Etapp Kyle – Prizma
09. DVS1 – Rise
10. Stanislav Tolkachev – Vot I Vse
11. Tale Of Us, Vaal – Monument (Original Mix)
12. Architectural – Cubismo
13. Conrad Van Orton – Brod Chamber
14. ROD – Hor
15. DVS1 – nineteenninetysix
16. Roman Poncet – Black Orchid
17. Regal – Acid is the Answer
18. Skudge – Polar
19. Inigo Kennedy – NGC6826 (Blinking Eye)