Подкаст

Подкаст 003: DJ Ruby

Третиот ексклузивен микс за Clubbing.mk доаѓа од човекот кој ја има една од главните улоги во развојот на Малтешката денс музичка сцена. Станува збор за DJ Ruby (Reuben Grima) кој е присутен на островската музичка сцена уште од 1992 година и е еден од пионерите со преку 20 години искуство и безбројни достигнувања.

DJ Ruby има импресивно резиме за кое можеме да пишуваме многу, но доколку треба да го сумираме во еден збор – човекот е легенда! Има настапувано во повеќе од 30 држави, од Ибица, Германија, Холандија, Русија и Јордан до Дубаи, Хонгконг, Тајланд, Австралија и САД. Исто така, има настапувано на светски познатите фестивали Timewarp, Ozora, Transmission, Creamfields Malta и Tomorrowland Unite, а тука може да се вменат и неговите настапи пред и после артисти како Guy J, Oliver Huntemann, Guy Mantzur и други.

Уживајте во подкастот!

Следете го DJ Ruby:
www.facebook.com/djruby
www.soundcloud.com/djruby
www.instagram.com/djrubymalta
www.youtube.com/djrubymalta