Подкаст

Подкаст 004: Mirus Marcx

Во најновиот подкаст на Clubbing.mk ќе можете да ги слушнете музиките на Mirus Marcx [Inkognito]. Неговото име може да ви звучи познато од неговиот настап на вториот роденден на Room 313 кој се одржа во септември 2016. Во случај да го пропуштивте, еве шанса да се запознаете со него.

Marcus Arlt a.k.a Mirus Marcx е роден во 1983 година во Јена, Германија. Како еден од основачите на Inkognito постигнува исклучителни успеси, а со своите винили успева да се постави како еден од лидерите на својот град и локалната клупска сцена.

Неговиот избор во музиката не познава граници. варира од техно, хаус, минимал и есид. Единствена константа е страста.

Кога Marcus Arlt се заљуби во електронската музика и што те привлече? Дали тоа беше некоја трака или можеби се работи за опрема?

На свои 15 години се заљубив во техно и хаус музиката. Живеев во мало село во близина на Лајпциг/Хале и во околината имаше многу журки. Журките се организираа во визби, стари фабрики или напуштени мелници.

Скоро секој викенд бевме на техно журка. Малку подоцна, на почеток на 2000-те почнавме да патуваме во градови како Лајпциг и Берлин и да одиме во клубови како Distillery, Tresor, Ostgut и други.

Тоа беа добри времиња. Сакав и се уште сакам да играм цела вечер! Поздрав до диско кралицата Даниела од Македонија! 🙂

Од каде доаѓа името Mirus Marcx и што точно значи?

Пред 3 години го имав својот прв настап и навистина не знаев кое да биде моето DJ име. Моите другари и девојка ми имаа бреинсторминг и после 10 дена дојдоа со листа од 100 имиња. Mirus Marcx беше резултатот од сето тоа и јас бев навистина среќен дека после 10 дена го добив ова име хахаха

Знаеме дека си еден од основачите на промотерската асоцијација Inkognito. Како се случи Inkognito? Кои други имиња стојат позади организацијата? Која е целта на Inkognito? Каква е локалната поддршка на андерграунд културата?

Во 2016 ја започнавме техно серијата „Inkognito”, со добро озвучување и влез со многу мала цена. Ние сме тројца: Лиза, Стефан и јас. Не сме толку промотерска асоцијација, колку андерграунд техно журка – прљава, мрачна и гласна! Во Јена луѓето често одат на тек-хаус журки и DJте се секогаш исти. Но, постои и една мала андергранд техно сцена која сакаме да ја оживееме. Тие се гладни за играње на добра техно музика. Така и започна мојата потрага по добри DJи, а Лиза и Стефан ги правеа декорациите за сите журки и имавме навистина прекрасни времиња во правењето журки по наш вкус.

Целта е да ги споиме луѓето кои припаѓаат едни на други. Бидете техно!

Во подкастот што го сними за нас може да се слушнат артисти како Ben Klock, DVS1, TWR72 и Johannes Heil. Дали може да претпоставиме дека Klockworks е една од твоите омилени издавачки куќи? Кои други техно издавачки куќи се помеѓу твоите омилени? Колку често купуваш плочи и на што се базира твојот избор?

Така е! Мислам дека имам 13 плочи од Klockworks и сите EPа на DVS1 – Ја обожавам неговата музика. Други омилени техно издавачки куќи ми се Mord, TRIP, Odd Even, Involve Records, Ostgut Ton, Monnom Black, Planet Rhythm Records, Non Series, Figure, Enemy Records и многу многу други. Слушам музика секој ден и купувам многу плочи. Дневната соба ми е микс помеѓу клуб и продавница за плочи :)))

Изборот на музика се базира на грувот. Ја сакам денс музиката без разлика на жанрот. Постојат навистина добри хаус и минимал траки на кои можете да играте. Едни од поомилените хаус и минимал издавачку куќи ми се Distant Hawaii, Heist, Moment Records, Nervmusic Records, Ode, Abartik, Sound Stream, Robsoul, итн..

Кој е рецептот за Mirus Marcx сет?

Читај го подиумот и дај им на луѓето едно незаборавно техно патување – облачно, лебдечко и енергично.

Пред две години ја имаше твојата соработка со Македонскиот техно колектив Room 313. Тие гостуваа кај вас, па вие кај нив. Дали можеш да направиш споредба помеѓу техно настаните во Македонија и Германија? Дали македонските артисти успеваат да ја импресионираат германската публика и како македонската публика реагира на странски артисти?

Мислам дека луѓето реагираат на многу сличен начин. Луѓето уживаа во техното. Навистина добар техно вајб! Поминав навистина прекрасно време со дечките од Room 313. Поздрав дечки! Се надевам ќе се видиме наскоро!

Во сите тие години искуство сигурно имаш настапувано со голем број артисти. Кој настан би го издвоил како посебен? Од кои имиња ја црпиш инспирацијата?

Inkognito журката со дечките од Room 313 и журките во Македонија ќе ги паметам засекогаш! Добар вајб, прекрасни денови поминати во природа и уживање во животот… Наздравје!

Мојата инспирација е подиумот, од каде што и доаѓам. Сега често сум танцувачкиот DJ :))

Дали Mirus Marcx е вклучен во полето на музичката продукција? Дали мислиш дека е релевантно за DJте да издаваат своја музика за да бидат успешни или тоа се две различни работи?

Мислам дека за да бидеш познат DJ потребно е да се продуцира. Но, за мене тоа е контрадикторно. Добар продуцент не секогаш е и добар DJ. Тие две работи се различни. Јас ги имам основите за продуцирање музика, но немам време ниту мотивација.

На свои 10 години започнав да свирам на пијано и тапани, нешто покасно и гитара. Имав добра музичка едукација, но за мене да се биде DJ и диско кралица е страст и така ќе продолжи и да биде.

Што е следно на агендата за Mirus Marcx и Inkognito? Дали може да очекуваме нова посета на Македонија?

Се надевам дека ќе ја посетам Македонија што е можно побрзо. Поминав навистина одлично во 2016. Во постојан контакт сум со дечките од Room 313 и се надевам дека ќе ги посетам најкасно до почетокот на 2019 година.

За крај: Предлог  трака, микс, настан, фестивал?

Една од моите омилени траки во моментот е This 5321 од Bjarki. Навистина убава, моќна и сентиментална трака!

Голема благодарност од тимот на Clubbing.mk за одвоеното време и одличниот подкаст!

Благодарам! Ми беше задоволство!


Голема благодарност до Митрик без кого овој подкаст немаше да се случи 😀