Блог

Reinier Zonneveld – млада надеж којa ја зазема модерната техно сцена

Reinier Zonneveld, препознатлив по своите перформанси во живо, но и како DJ и продуцент, го зазема светот со својот уникатен поглед на техно музиката. Без разлика на своите години (роден е на 30 јануари, 1991), позади себе веќе има неколку хитови кои се високо рангирани на листите, а неговата „Things We Might Have Said“ во еден период се наоѓаше и на првото место на Beatport.

Своето запознавање со музиката го има на 3 години кога започнува да посетува часови по класично пијано, а во своите најмлади години започнува и со компонирање на класична музика и изведба на концерти на пијано. Електронската музичка сцена започнува да ја истражува после своите прво присуство на нелегална журка за време на своите студии и за кратко време се заинтересирува и за продуцирање на истата музика. Трошејќи ги парите за студии на синтисајзери, вежбајќи во својата студентска соба самиот успева да се научи и стекне извонредни вештини.

Неговиот музички талент се истакнува преку перформансите во живо каде што создава нови хитови, но и прави рекреации на стари хитови во живо. Токму тоа му овозможува да изведува уникатни целоноќни сетови, создавајќи експлозија и воодушевување кај публиката. Иако е на почетокот на својата кариера, тој веќе има настапувано на сите континенти, од меинстејџ до андерграунд клубови. Покрај густиот распоред со настапи, Zonneveld се обидува да најде време и за продуцирање на музика во своето студио.

Досега има издавано за издавачките куќи Stil vor Talent на Oliver Koletzki, Intec на Carl Cox, Minus на Richie Hawtin и два официјални ремикси за Moby. Покрај тоа, ја води и својата издавачка куќа Filth on Acid која ја основаше на почетокот на 2017 година и претставува платформа преку која ја изразува својата креативност и широкиот поглед кон техно музиката.

Слични објави