Новости

Tale Of Us во Скопје!

Водечкиот тандем на современата електронска музичка сцена, Tale Of Us на 15-ти септември ќе настапи во Скопје на веќе добро препознатливата локација за журките организирани од Win Music Freedom – Средно Водно.

Tale Of Us е заедничката приказна на Carmine Conte и Matteo Milleri со седиште во Берлин, базирана врз нивното изострено сетило за уникатно модерен звук.

Оваа приказна започнува во Милано, каде што Karm и Matteo се среќаваат на многу рана возраст. Ломбардискиот главен град ќе излезе во пресрет на нивната заедничка приказна, чии што успех понатаму ќе продолжи да се шири по периметарот на Европскиот техно центар Берлин. За време на студиите по музичка продукција на Институтот SAE, взаемната љубов кон музиката, како и талентот кој го поседуваат, нераскинливо ќе ги поврзе и ќе го означи почетокот на „Приказната за нас”.

Со впивање инспирација од уметноста, музиката, литературата и киното, Karm и Matteo постепено прераснуваат во експерти од сопствената област. Влијаниjaта од продукциското творештво на Nils Frahm, Max Richter и Ludovico Einaudi и те како се забележуваат во нивниот звук, овозможувајќи им бројни покани од најдобрите светски издавачки куќи. Своето деби во Visionquest го постигнуваат во 2011, по што следуваат изданија за M_nus (Richie Hawtin) како и легендарната белгиска куќа R&S.

2010 ќе го обележи раѓањето на Life & Death, по што, за само неколку години, заедно со пријатели од Италија, Tale Of Us успеваат да ја трансформираат антолошката етикета на лејблот со невидено темпо. Прераснувајќи во движечка сила зад лејблот, дуото не само што ќе остави трага врз секој слушател, туку ќе успее и да го потресе јадрото на Балеарскиот остров Ибица до сопствената срж.

Со својот амбиентално/класичен албум Endless, издаден во Март 2017 за Deutsche Grammophon, Tale Of Us, умешно го надминуваат традиционалниот калап за продуцирање електронската музика. Endless претставува доказ за нивната најкомплетна и најискрена “изјава” до сега, во која Karm и Matteo се ослободуваат од стегите на традиционалната електронска музика, навраќајќи се кон своите корени изразени преку владеење на пијано и eno-esque атмосфери.

Преку повеќеориентиран фокус, Tale Of Us ги разбиваат поетските и емоционалните граници на музиката, и тоа со почит и стравопочит кон повеќе сцени и жанрови.

Билетите за настанот се пуштени во продажба и може да се набават во Кино Карпош, Радио Бар, Баду, Југотон и онлајн преку системот на Мк Тикетс. Цената за првите 300 билети изнесува 800 денари, додека истите потоа ќе може да се набават за 1000 денари. На влез, еден билет ќе чини 1200 денари.