Новости

Tijana T ќе ја отвори третата сезона на Епицентар

Музиката која Tijana T ја презентира во своите сетови е уникатна, со одлични технички способности, карактеристичен личен музички израз и силна експресивност. Нејзиниот харизматичен карактер, уникатниот пристап и професионалност кон музиката дава посебен шарм и популарност на чудната и несекојдневна електрoнска продукција која ја создава, а која често ја збогатува со селекција на house, acid и jackin’. Кога настапува таа ја троши целата своја енергија, има одлично чувство за сценско присуство и е секогаш главна фокусна точка на публиката.

Таа повеќе од една деценија претставува клучна фигура на српската музичка електронска сцена. Нејзините почетоци се врзуваат со еден од најуспешните балкански фестивали EXIT, каде работи како ПР и како музички новинар.

Настапите на Boiler Room, Panorama Bar, Tresor, We Love… Space Ibiza, Output, The Block, Kaliku и фестивали како Dimensions, Hideout, Flow и Exit ја прават еден од најинтерeсните артисти кои произлегле од балканот.

Како локална поддршка, вечерта ќе настапат DJ Flooder и Бодан Јамакоски. Билетите ќе може да се набават на влез по цена од 300 денари.
Facebook настан: https://www.facebook.com/events/1938365852867014/